Voluntary Product
Correction Program

PIEPS објавува доброволнапрограма за корекција на производи заради зголемување на безбедностана нивните DSP радиопримопредаватели за лавина.

PIEPS спроведе опширни проценки на безбедноста и функционалноста на засегнатите производи, вклучувајќи интерно тестирање и тестирање од страна на трети лица. Резултатите покажуваат дека производите соодветствуваат со меѓународните стандарди и се соодветно дизајнирани и функционираат како што се очекува.

Сепак, PIEPS неодамна разви систем за носење со футрола што се користи со DSP PRO, DSP PRO ICE и DSP SPORT со којшто радиопримопредавателите ќе може да се користат само кога се нагодени и заклучени во позицијата „send“.

Доброволна програма за корекција на производи за DSP радиопримопредаватели за лавина

PIEPS објавува доброволна програма за корекција на производи за подобро обезбедување на механизмот за заклучување и вклучување на нивните DSP радиопримопредаватели за лавина. Корекцијата се состои од нов систем за носење со футрола за да се обезбеди дека DSP PRO, DSP PRO ICE и DSP SPORT радиопримопредавателите за лавина се нагодени на режимот „send“ пред да почнат да се користат и ќе останат заклучени во режимот „send“ за време на користењето. Овој нов систем за носење со футрола го заменува системот за носење од неопрен којшто беше испорачуван со DSP радиопримопредавателите за лавина и којшто сега треба да се исфрли. Засегнатите производи на DSP се произведени помеѓу 2013 и 2020 година.

PIEPS доби прашања во врска со DSP PRO, DSP PRO ICE и DSP SPORT радиопримопредавателите за лавина. Сите овие модели користат идентичен механизам за заклучување и вклучување за да го нагодат производот на режимот „send“. Веруваме дека овие прашања се поттикнати од два инцидента со лавини, еден во 2017 година и еден пролетта 2020 година. По овие инциденти, се појавија тврдења дека безбедносниот механизам за заклучување/вклучување на DSP PRO/SPORT не функционирал правилно за време на лавините. Сепак, тестирањата покажаа дека механизмот за заклучување/вклучување на DSP PRO, DSP PRO ICE и DSP SPORT ги исполнува сите релевантни стандарди за безбедност.

We apologize for the inconvenience and thank you for your patience.

Markus EckManaging Director PIEPS and UIAGM certified Mountain Guide

PIEPS се залага за безбедноста на производите и на нивните корисници и одржува висок квалитет на сите негови производи за вон скијачките писти.

PIEPS се залага за безбедноста на производите и на нивните корисници и одржува висок квалитет на сите негови производи за вон скијачките писти.
Довербата на клиентите во нашите производи ни е врвен приоритет, поради што тимот на PIEPS R&D сега разви нов систем за носење со футрола за сите DSP радиопримопредаватели за да го замени системот за носење од неопрен, што се испорачува со DSP радиопримопредавателите. Дизајнот на новиот систем за носење со футрола овозможува дополнителна заштита за да обезбеди радиопримопредавателите да бидат заклучени во позицијата „send“ додека се користат и сигурно да останат во позицијата „send“ за време на користењето. Сметаме дека системот за носење со футрола е „револуционерен“ во обезбедувањето на безбедност и функционалност на DSP радиопримопредавателите за сите корисници.
Клиентите треба веднаш да престанат да ги користат DSP радиопримопредавателите и да стапат во контакт со PIEPS за новиот систем за носење со футрола. DSP радиопримопредавателите треба да се користат само со новиот систем за носење со футрола.
Оваа доброволна програма за корекција на производи ги засега само PIEPS DSP PRO, DSP PRO ICE и DSP SPORT радиопримопредавателите за лавини. Ве молиме, пронајдете ги инструкциите како да го идентификувате Вашиот производ тука. 

Доброволната програма за корекција на производи не ги засега другите радиопримопредаватели за лавини или производи од производната линија на PIEPS.
PIEPS ги замолува корисниците на сите опреми на PIEPS за заштита од лавина прецизно да ги следат инструкциите за производот, вклучувајќи го и спроведувањето на темелна проверка на безбедноста и функционалноста пред секоја употреба.

Доколку имате прашања, Ве молиме стапете во контакт директно со нас или употребете го делот Често поставувани прашања.

Бесплатна услуга за замена

Ние работевме на решение што нашите производи ќе ги направи побезбедни отколку што се бара со стандардите.

За да го започнете процесот за замена, Ве молиме пополнете го образецот подолу. Ние ќе Ви одговориме преку е-пошта со понатамошни инструкции.

Внесувањето на Вашите податоци за контакт и информации за достава ќе го забрза процесот и ќе ни овозможи тековно да Ве информираме со ажурирања на статусот за време на процесот на замена.

Испораката на новите системи со појаси може да потрае подолго од очекуваното поради недостатокот на суровини и одложувањата на транспортот предизвикани од пандемијата на COVID-19. Ве молиме, бидете сигурни дека ќе сториме се што можеме за навремено да одговориме на секое барање.

За Европа, Азија-Тихоокеанија и Латинска Америка важи од 03. март – за Северна Америка ќе го овозможиме што е можно поскоро во согласност со службените органи на САД.

Поради зголемениот број на барања, времето за процесирање трае 10-15 работни дена.

Процес на замена Европа

За клиенти

* задолжително поле












    Постави слика. Типови на датотека: gif, png, jpg, jpeg. Максимална големина на датотека 2mb.

    Со употребата на овој образец, се согласувате оваа веб-локација да ги зачува и обработува Вашите податоци.*

    За дилери

    * задолжително поле













      Со употребата на овој образец, се согласувате оваа веб-локација да ги зачува и обработува Вашите податоци.*

      Информации за производот

      Оваа доброволна програма за корекција на производи ги засега само PIEPS DSP PRO, DSP PRO ICE и DSP SPORT радиопримопредавателите за лавини.

      Доброволната програма за корекција на производи ги засега DSP PRO, DSP PRO ICE и DSP SPORT од PIEPS.

      Молиме сите системи за носење од неопрен за следните производи да бидат заменети со новиот систем за носење со футрола.

      Називот на радиопримопредавателот е испечатен на предниот капак на Вашиот производ. Бојата на радиопримопредавателот исто така помага при идентификацијата на Вашиот производ.

      PIEPS DSP SPORT

      зелен преден капак / жолт заден капак / жолт лизгач
      Овој производ е испорачан со систем за носење од неопрен со зелено лого со натпис на PIEPS.

      PIEPS DSP PRO

      сив преден капак / сив заден капак / жолт лизгач
      Овој производ е испорачан со систем за носење од неопрен со жолто лого со натпис на PIEPS.

      PIEPS DSP PRO ICE

      проѕирен капак / проѕирен заден капак / жолт лизгач
      Овој производ е испорачан со систем за носење од неопрен со жолто лого со натпис на PIEPS.

      Нов систем за носење со футрола

      Често поставувани прашања

      Доброволната програма за корекција на производи не ги засега другите системи за носење на радиопримопредаватели или производи од производната линија на PIEPS.

      Доколку имате прашања, Ве молиме стапете во контакт директно со нас или употребете го делот Често поставувани прашања.

      Дали може да продолжам да го користам мојот DSP радиопримопредавател?

      Клиентите треба веднаш да престанат да ги користат засегнатите производи и да стапат во контакт со PIEPS за новиот систем за носење со футрола. Засегнатите производи треба да се користат само со новиот систем за носење со футрола.

      Каде можам да го најдам серискиот број?

      Отворете ја кутијата за батеријата и ќе го најдете серискиот број од 12 цифри на лепенка на кутијата за батеријата.

      Имам DSP радиопримопредавател - што треба да сторам?

      Доколку поседувате DSP PRO, DSP PRO ICE и DSP SPORT производ од PIEPS, Ве молиме да ги следите упатствата за доброволната програма за корекција на производи и да учествувате во програмата тука:

      Доколку имате други прашања, Ве молиме стапете во контакт директно со нас преку нашата служба за корисници:

      Европа: support@pieps.com
      САД/Канада: dsp@pieps.com
      Нов Зеланд: service@southernapproach.co.nz
      Јапонија: ec@lostarrow.co.jp

      Како да знам кој модел е мојот DSP?

      Називот на радиопримопредавателот е испечатен на предниот капак на Вашиот радиопримопредавател. Бојата на радиопримопредавателот исто така помага при идентификацијата на Вашиот производ. (ВРСКА Производ)

      DSP SPORT: зелен преден капак / жолт заден капак / жолт лизгач. Испорачан е со систем за носење од неопрен со зелено лого со натпис на PIEPS.

      DSP PRO: сив преден капак / сив заден капак / жолт лизгач. Испорачан е со систем за носење од неопрен со жолто лого со натпис на PIEPS.

      DSP PRO ICE: проѕирен капак / проѕирен заден капак / жолт лизгач. Испорачан е со систем за носење од неопрен со жолто лого со натпис на PIEPS.

      Дали треба да платам за оваа услуга?

      Доброволната програма за корекција на производи за DSP PRO, DSP PRO ICE и DSP SPORT со новиот систем за носење со футрола е бесплатна.

      Како да ги спроведувам одржувањето и тестирањето на мојот радиопримопредавател?

      Пред секоја употреба, тестирајте ги Вашата опрема за заштита од лавина и радиопримопредавателот. Проверете дали нешто е скршено и дали механизмите функционираат соодветно. Проверете ја Вашата батерија (да не тече, да не недостасува), вклучете го Вашиот радиопримопредавател на „on“ за да спроведете електронско и само-тестирање.

      Доколку имате сомнежи во однос на функционалноста на Вашиот производ, обратете се до сервисен центар или пратете го до PIEPS за сервис на уредот. Не користете го Вашиот производ за безбедност доколку имате сомнежи за истиот. До PIEPS СЕРВИС.

      Проверувајте дали резултатот од само-тестирањето покажува „OK“ секој пат кога ќе го вклучите, осигурете се дека позицијата за радиопренос е правилно заклучена, носете го нашиот производ на препорачаниот начин на Вашето тело и секогаш спроведувајте групна проверка на радиопримопредавателите пред да тргнете.

      Дали треба редовно да се проверува мојот PIEPS радиопримопредавател?

      Секој радиопримопредавател за лавина треба да се проверува редовно (проверка на уредот, проверка на хардверот, проверка на батеријата) и пред секое користење.

      Не користете радиопримопредавател за лавини доколку постојат индикации за дефект.

      Доколку не сте сигурни за состојбата на Вашиот радиопримопредавател, Ве молиме пратете го производот за сервис на уреди до PIEPS. До PIEPS СЕРВИС.

      PIEPS препорачува сервисот на уредот да го изврши производителот по 3 години користење

      • Првиот сервис по 3 години од датумот на набавка
      • Вториот сервис по 5 години од датумот на набавка
      • После тоа, секоја година

      PIEPS препорачува сите корисници на опреми за заштита од лавини да ги проверуваат нивните производи за безбедност како дел од нивната редовна проверка на опремата пред секое користење.

      Контакт

      Контакт по е-пошта

      Европа: support@pieps.com
      САД/Канада: dsp@pieps.com
      Нов Зеланд: service@southernapproach.co.nz
      Јапонија: ec@lostarrow.co.jp

      Контакт преку телефон

      Европа: +43 3182 52556-0
      Бесплатен број САД/Канада: 800-775-5552